Манчестер Сити го осуди нападот на автобусот на Ливерпул по завршувањето на вчерашното дерби во Премиерлигата. Возилото на „црвените“ беше погодено со камења откако тимот на Јирген Клоп загуби на гостувањето кај Манчестер.
Инцидентот се случил околу 15:40 часот по локално време, а добрата вест е што нема повредени членови на тимот на Ливерпул.
Манчестер Сити започна истрага за инцидентот. На својот официјален сајт „граѓаните“ напишаа: „Знаеме дека кон автобусот полетал предмет. Ваквите инциденти се тотално неприфатливи и најостро ги осудуваме постапките на сторителите. Ќе и помогнеме на полициската истрага колку што можеме“.