Фудбалерот на Ливерпул, Жоел Матип, кој се соочи со потешка повреда уште во претходната сезона, одлучи да ја прекине кариерата на 33-годишна возраст.
Интернационалецот од Камерун бидејќи воопшто не влегува во плановите на новиот менаџер на „црвените“, Арне Слот, се реши да се повлече од терените.
Дефанзивецот кој има одиграно 150 натпревари за Ливерпул во Премиер лигата, еднаш се израдува на титулата во домашни рамки и еднаш на пехарот од Лигата на шампионите.

