Напаѓачот на Баерн Минхен, Ерик Максим Чупо-Мотинг, денеска ќе се соочи со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен.
Станува збор за првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на фудбалските шампиони. Баварците и Парижаните се сретнаа во финалето во 2020 година а Баерн го победи тимот во кој играше Чупо-Мотинг.
„Играњето во финалето е посебно. За жал, загубивме. Сè уште боли. Ги познавам момчињата и со нетрпение чекам повторно да ги видам. Нè очекува голема битка“ – вели интернационалецот од Камерун.