Самуел Ето го советува неговиот поранешен соиграч, Чави Ернандез, што поскоро да се врати во Барселона додека Лионел Меси сè уште игра професионален фудбал. Поранешниот играч кој цели 17 години беше дел од Каталонците сега е тренер на Ал-Сад.
„Му реков на Чави дека што и да се случи, тој треба брзо да се врати во Барса додека „богот на фудбалот“ е сеуште таму. Двајцата играа заедно и ќе им биде полесно да се вклопат во целиот процес“ – рече поранешниот напаѓач кој не крие дека напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, може да биде одлично засилување за Барса.
„Лаутаро работи одлично, мислам дека може многу да помогне во нападот, тој е фантастичен голгетер“ – нагласи Ето.

