Оливер Кан, легендарниот голман на Германија и на Баерн Минхен, може да добие понуда да работи во екипата на Ал – Хилал, пренесува денеска весникот – „Билд“.
Поранешниот директор на Баварците“ кој доби отказ во месец мај, сега може да ја има истата улога во клубот од Ријад.
Германецот кој неодамна беше во посета на Саудиска Арабија, во 2017 година реализирал проекти заедно со фудбалската федерација на таа земја.