Централниот дефанзивец на фудбалскиот состав Милан, Фикајо Томори, се согласи да го продолжи договорот до 2027 година, објави италиајнскиот состав.
Тој во претходната сезона беше еден од најзаслужните за освојување на Скудетото. Дефанзивецот дојде на „Сан Сиро“ на позајмица од Челзи во почетокот на 2021 година.
Шампионот на Италија најави дека во наредните денови ќе ги обнови договорите Сандро Тонали и Пјер Калулу.