Фудбалската репрезентација на Канада го обезбеди пласманот на Светското првенство во Катар откако на коло пред крајот во квалификациите во Конкакаф зоната ја победи Јамајка со 4-0.
Канаѓаните за првпат по 36 години ќе играат на Мундијал, последен пат учествуваат на СП во 1986 година освојувајќи го последното 24 место.
Канада e лидер на табелата со 28 бодови, пред САД и Мексико со по 22, Костарика има 19 а на петтата позиција е Панама со 18. Без шанси за Мундијал се Ел Салвадор, Јамајка и Хондурас.