Тенисерите на Финска успеаја да ја совлада Канада со 2-1 во меч од четвртфиналето во Дејвис Купот. Канаѓаните претходната година го освоија турнирот но, сега не успеаја да влезат меѓу најдобрите четири селекции.
Во првата средба Милош Раониќ го совлада Финецот Патрик Каукалта со 2-0 по сетови 6:3 и 7:5. Во вториот натпревар, Ото Виртанен беше подобар од Канаѓанецот, Габриел Диало (6:4, 7:5). Во двојки, Виртанен и Хари Хелиоваара ги победија Васек Поспишил и Алексис Галарно со резултат 7:5, 6:3.
Во полуфиналето Финците ќе играат со победникот од натпреварот меѓу Чешка и Австралија. Рекордер по победи на Дејвис купот е тимот на САД. Американските тенисери 32 пати беа шампиони.