Францускиот фудбалски состав Нант се определи да го повлече дресот со број 9 кој го носеше Емилијано Сала. Фудбалерот трагично го загуби животот во авионската несреќа додека леташе за Кардиф.
Властите во Британија доцна синоќа потврдија дека го пронашле телото на играчот во остатоците од авионот. Бидејчи францускиот Нант е последниот клуб во кој играше Сала, челниците на тимот одлучиле да го повлечат дресот со број девет.
„Бидејќи Емилијано Сала секогаш ќе биде дел од легендите кои испишаа голема историја за Нант, дресот со број 9 ќе биде повлечен“ – стои во соопштението на клубот.