Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Канатларовски: „Шведска е фаворит, но ние играме на домашен терен и имаме желба за победа“
    Фудбал

    Канатларовски: „Шведска е фаворит, но ние играме на домашен терен и имаме желба за победа“

    risteBy riste25/03/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година утре од 14 часот на арената „Тодор Проески“ ќе игра против соодветната селекција на Шведска во рамките од квалификациите за Европското првенство кое ќе одржи следната година.

    Македонија минатата година славеше на гости кај Шведска со 1:0, но факт е дека гостите сега се фаворити за победа.

    Сепак, селекторот Драган Канатларовски најавува дека нашите надежи нема да се предадат и ќе се борат да стигнат до позитивен резултат.

    „По дуелот против Гибралтар, увидовме дека мора да ја подобриме реализацијата и да бидеме поконцентрирани во завршницата. Сега ни следува многу тежок ривал. Доаѓа Шведска, желна за одмазда бидејќи на првиот меч ја победивме со 1:0. Сепак, и ние треба да се прашаме, играме на домашен терен, атмосферата е добра. Подготвени сме да го дадеме максимумот и позитивен резултат би бил еден поттик за последните четири меча кои ќе следуваат до крајот од квалификациите“, рече Канатларовски.

    По пет одиграни натпревари, Македонија има шест бода и е на петтото место во групата, додека Шведска со седум бода од пет дуели е на третата позиција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.