Меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар Сараево 2025“ повторно ги собра еминентните спортски имиња од земјите од регионот и светот на едно место.
Еден од предавачите на вториот ден од 14-тиотв меѓународен спортски симпозиум во Сараево (БиХ), на петтиот панел на темата “Фудбал и карактер – што останува по кариерата?“, заедно со Шкоро, Крањчар и Топиќ (модератор е прославениот Драго Чосиќ) ќе биде т и поранешниот македонски фудбалер, подоцна селектор на А и младата репрезентација на Македонија, Драган Канатларовски.
Тој ќе добие награда за животно дело и посебно признание за спортски успеси.
Екипа на Спортско Радио 90,3 фм, и годинава, четвртипат по ред, е присутна на Симпосар 2025 на кој годинава ќе има и уште две големи имиња во светскиот фудбал – освојувачот на Златната топка Христо Стоичков (Бугарија) и легендарниот голман и добитник на Златната ракавица Жан-Мари Пфаф (Белгија), како и бројни други легендарни спортисти и тренери од Европа и регионот.

