Португалскиот десен бек Жоао Кансело веќе ги поминува медицинските прегледи во Јувентус пред трансферот во „Старата Дама”.
Неофицијално италијанскиот шампион ќе плати 40 милиони евра на Валенсија за 24-годишниот фудбалер. Овој фудбалер минатата сезона беше со позајмица во Интер, каде што беше ангажиран од Валенсија. Се очекува Кансело да потпише договор за 5 сезони со Јувентус, а годишната плата, според медиумите во Италија ќе биде 3 милиони евра.

Доцна синоќа Кансело пристигна во Торино и беше пречекан од многубројкните фанови на “бјанконерите”, а утрово повторно се радуваше на вниманието кое го доби од страна на навивачите.

