Играчот од средниот ред на Челзи, Н’Голо Канте изјави дека е можно да ја заврши кариерата на „Стемфорд Бриџ“.
28-годишниот Французин има договор со „Сините од Лондон“ до 2023 година, а од неодамна се шпекулирашр дека има интерес за трансфер во Реал Мадрид.
„Секако дека можам да ја завршам кариерата во Челзи. Имам договор до 2023 година. Се надевам дека ќе имам одлични сезони со Челзи”, изјави Канте за „Телеграф“.
На прашањето дали жали што не се преселил во Олимпик Марсеј пред да избере да замине во Лестер, Канте одговори:
„Секако не. Јас пристигнав во Челзи од Лестер, каде само што ја освоив првата титула. Три години сум тука и освоив многу трофеи. Мислам дека овој клуб ми помогна многу и се надевам дека ќе можам да освојам уште многу овде. Годината во Лестер беше одлична и воопшто не жалам за мојата одлука“ изјави Канте.