Челзи не успеа да се договори со дефанзивецот Н’голо Канте за нов договор.
Преговорите за нов договор со Канте започнаа уште во 2021 година, откако претходното раководство на Челзи му понуди на играчот од средниот ред договор на 3+1 година, но преговорите беа прекинати кога британската влада воведе санкции за Роман Абрамович.
Новото раководство на „сините“ вербално му понуди на Н’голо нов договор 2+1 година во август, но играчот од средниот ред не се согласил на оваа опција, бидејќи би сакал да потпише подолг договор.
Ако не успеат да најдат договор, 31-годишниот Французин следното лето ќе го напушти клубот како слободен играч.