Играчот за врска на Челзи, Н’Голо Канте ќе ги пропушти следните два натпревари на тимот против Јувентус во Лигата на шампионите и Саутемптон во Премиер лигата, пренесуваат медиумите во Англија.
Французинот се уште не се чувствува добро поради болест, па не може да работи со полна сила. Челзи утре гостува кај Јувентус во натпревар од Лигата на шампионите од 21 часот.
Оваа сезона во Премиер лигата Н’Голо Канте одигра 4 натпревари и постигна 1 гол, но има проблеми со повредите и не му беше на располагање на Томас Тухел за некои од натпреварите на лондончани.