Францускиот играч од средниот ред во составот на Челзи, Н’Голо Канте, ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, тврдат неколку шпански медиуми.
Шпанскиот клуб во Французинот гледа потенцијална замена за Тони Крос и Лука Модриќ. Самиот играч нема ништо против трансфер, особено по последната ситуација со клубот.
Н’Голо Канте е во Челзи од 2016 година кога се пресели во Лондон од Лестер. Тој има договор со Челзи кој истекува на крајот на следната сезона, а за негова слобода Реал ќе мора да плати околу 50 милиони евра.