Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, се соочува со големи проблеми во играчкиот кадар откако на еден од тренинзите се повреди стандардниот фудбалер од средниот ред, Нголо Канте.
Тоа значи дека „сините“ пред мечот в среда против Арсенал во финалето на Лига Европа, останаа со само тројца здрави играчи кои дејствуваат во средниот ред. Тоа се: Жоржињо, Рос Баркли и Матео Ковачиќ.
Претходно на пријателски натпревар во САД се повреди Рубен Лофтус-Чик додека Калум Хадсон-Одои е во процес на рехабилитација откако направи операција на Ахиловата тетива.