Н’голо Канте сака да потпише преддоговор со Барселона уште оваа зима. Според шпански извори, играчот од средниот ред на Челзи сака што поскоро да ја реши иднината, па затоа врши притисок врз Барселона да потпише преддоговор во јануари. Преговорите со играчот ги води директорот на Барса, Матеу Алемани.
Комуникацијата со Канте оди добро, но се уште нема конечна одлука за негова преселба во Барселона. Ова го загрижува играчот од средниот ред, кој има уште неколку големи понуди. Н’голо не сака да го одложи финалниот процес, па инсистира се да се заврши оваа зима.
31-годишниот играч од средниот ред последен пат беше на теренот на 14 август, по што има сериозна повреда поради која не настапи и на СП во Катар.