Ерик Кантона една од најмаркантините личностги што го носела дресот на Манчестер Јунајтед, остро ја критикуваше одлуката на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во новото натпреварување наречено фудбалска Супер-лига.
Составот од „Олд Трафорд“ е во групата од 12 гиганти кои се определија да формираат посебна лига со што го навлекоа бесот на ФИФА, УЕФА, навивачите и многу познати фудбалски имињата од минатото и сегашноста. Поранешниот капитен на „црвените ѓаволи“, изјави дека мора да се сослушаат барањата на љубителите на фудбалот.
„Навивачите треба да бидат почитувани. Дали големите клубови ги прашаа е што мислат? Не, и тоа е срамот“ – потенцираше Французинот во видеото објавено на социјалните мрежи.

