Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Кантона: Ова е голем срам, Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот менаџер засекогаш!
    Фудбал

    Кантона: Ова е голем срам, Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот менаџер засекогаш!

    risteBy riste16/10/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона, го изрази својот целосен бес поради одлуката на клубот да го раскине договорот со Сер Алекс Фергусон како почесен амбасадор на „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната.

    Најголемиот менаџер во историјата на Јунајтед беше отпуштен поради намалувањето на буџетот од страна на новите сопственици на клубот, а извештаите на Островот велат дека Сер Алекс повеќе нема да има пристап до соблекувалната на првиот тим, иако тој продолжува да има резервирано место во ложата на Олд Трафорд.

    „Сер Алекс треба да може да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Каков недостаток на почит. Ова е голема срамота. Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот менаџер засекогаш! Сите ги фрлам во голема вреќа на сра…е!“, напиша Кантона кој е познат дека нема влакно на јазик.

    Токму брилијантниот Французин е еден од најважните играчи во ерата на Сер Алекс во Манчестер Јунајтед. По потпишувањето на Кантона, клубот ја освои својата прва лига титула по 27 години и прва од 13-те под водство на Фергусон.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.