Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Капарос: „Македонија покажа дека не е само Пандев, имавме респект кон неа“
    Фудбал

    Капарос: „Македонија покажа дека не е само Пандев, имавме респект кон неа“

    risteBy riste03/09/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на Ерменија, Хоакин Капарос може да биде задоволен од резултатот во Скопје и освоениот бод на гостувањето кај Македонија (0:0).

    Можеби резултатот е добар, но играта на неговата репрезентација не може да го задоволи селекторот, затоа што во овој натпревар беа далеку од она што го очекуваа и најавува.

    „Знаеме дека Горан Пандев е одличен играч и неговиот удел во играта на Македонија беше многу голем, но ние имавме голем респект кон Македонија затоа што имате други добри играчи. И ние имавме три отсуства на важни играчи, затоа сметам дека ситуацијата горе-долу беше идентична. Моравме без тројца стандардни првотимци во екипата. Имавме многу работи во овој меч од кои не сме задоволни. Во првиот дел главно се браневме, посебно по крилните позиции. Во вториот дел имавме шанси да погодиме, но за жал не успеавме. Исто и Македонија не даде гол, па затоа конечниот исход е реми“, изјави Капарос.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пехарот од ЛШ замина во Англија

    10/06/2023

    Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба

    10/06/2023

    Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити

    10/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Пехарот од ЛШ замина во Англија
    • Ивановски ќе се бори за пехарот
    • Арсенал го продолжи договорот со Вилијам Салиба
    • Еурофарм Пелистер потпиша со уште еден Данец, во Битола доаѓа нов кружен напаѓач
    • Италијанските медиуми пред финелето на Интер против Манчестер Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.