Селекторот на Ерменија Хоакин Капарос го имаше своето деби на клупата на оваа репрезентација, но нема по добро да го памети овој натпревар. Неговата репрезентација загуби на гостувањето во Скопје со 2:1 од Македонија во во првиот натпревар од новата сезона од Лига Ц на Лигата на нации.
На прес-конференцијата Капарос изјави:
„Честитки за фудбалерите на двете селекции. Не сакам да коментирам дали беа пенали за Македонија или не, за тоа имаше судии на теренот. Сакам да потенцирам дека тешко беше да се игра по оваа температура. Сепак, не може да бидам незадоволен од тоа како игравме. Не беше лесно да се брка резултатот од четвртата минута. Се консолидиравме, игравме наша игра и можеше да биде многу поинаку. Мора да го заборавиме овој натпревар и брзо да се насочиме на вториот натпревар. Овој циклус само што започна, имаме уште пет натпревари за играње, па ништо не е загубено. Мислам дека сите четири репрезентации имаме подеднакви шанси“ изјави Капарос.
Во второто коло кое се игра во вторник 8 септември, Ерменија на домашен терен ќе ја пречека Естонија.