Селекторот на репрезентацијата на ерменија, Хоакин Капарош, во пресрет на денешниот меч со Македонија во Скопје истакна дека имаат полн респект на нашата репрезентација и покрај тоа што има промени во нашиот тим по ЕП.
„Знаеме дека со напорна работа може да се стигне до големите настани. Противникот има нов селектор, ама најголемиот дел од фудбалерите се оние кои беа на ЕП. Знам дека има неколку млади фудбалери, но тоа е развојот на секоја репрезентација. Македонија ја почитуваме но ние сакаме да стигнеме до позитивен резултат во Скопје, да играме на ниво кое ни овозможи добра шанса за тоа. Михтарјан е важен играч за нас, со него екипата подобра со него ќе влијае врз нашата игра. Многу работи ќе зависат од нас на овој натпревар“, истакна селекторот на Ерменија, Хоакин Капарош.