Италијанскиот фудбалски стратег, Фабио Капело, откако го анализираше вчерашното дерби во Лигата на шампионите меѓу Интер и Реал Мадрид, му посочи на тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте дека треба да го промени системот.
Калчо-лигашот континуирано ја форсира формацијата 5-3-2 со тројца стопери во одбраната што според Капело мора веднаш да се промени за доброто на тимот.
„Тројца дефанзивци против еден напаѓач на Реал Мадрид значи дека сте комплетно инфериорни во средниот ред. Интер повеќе ми се допадна во вториот дел иако имаше играч помалку. Тимот на Конте не функционира со тројца стопери и пет дефанзивци, мора да има промени“ – вели Капело.

