Легендата на Милан и на Рома, Фабио Капело, ги сподели своите очекувања за утрешната пресметка меѓу двата тима на теренот на „росонерите“.
„Нема да биде лесен натпревар за двете екипи. Милан мора да победи за да остане во игра за Лигата на шампионите. Рома се чини дека повторно застанува на нозе особено кога Пауло Дибала ја подигна формата“ – вели Капело.
„Мислам дека Милан мора да биде многу внимателен со директни слободни удари и корнери, бидејќи во Рома се силни во такви ситуации“ – вели Капело.

