Поранешниот селектор на руската репрезентација Фабио Капело повторно сака да работи со националниот тим на Русија.
Капело веќе ја понудил својата кандидатура за функцијата и исто така разговарал со челниците на Руската фудбалска федерација. Двете страни се сретнаа за време на финалето на Евро 2020 во Лондон. Јирген Клинсман, Клаудио Раниери и Дик Адвокат исто така ги понудија своите услуги преку агенти, но нивните апликации не беа разгледани.
Фабио Капело (75) веќе беше селектор на Русија од 2012 до 2015 година. Тој го водеше тимот на Светското првенство во 2014 година, каде Русите не успеаја да ја поминат групата. На 14 јули 2015 година тој беше отпуштен. На Евро 2020, репрезентацијата на Русија повторно не успеа да ја помине групата, па следуваше напуштање на функцијата селектор на Станислав Черчесов.