Нашиот бек, Кире Лазаров, по денешната победа против Бахреин (28:23), изјави, дека се повториле осцилациите во играта како и на првиот меч со Јапонија и дека победата можела да биде изразена и со поголема разлика.
„Бахреин беше понепријатна селекција од Јапонија, но, успеавме во последните минути да одмориме ние поискусните. Имавме осцилации, добри моменти и лоши моменти. Имавме еден долг пад во кој противникот направи 5-0, тоа не смее да се повтори на средбите со посилните селекции“ – вели нашиот капитен.
„Треба да работиме и да ги отстраниме. Позитивно е што младите добија минути, тоа ќе им биде многу значајно за понатамошниот тек од првенството“ – изјави Кире Лазаров.