Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, ќе го пропушти дербито со Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Натпреварот ќе се игра во понеделник на „Енфилд“, а причината за отсуството на играчот од средниот ред е повредата на бутот, која ја доби во првото полувреме од мечот со Челзи на крајот од минатата недела.
Тогаш на местото на Хендерсон во игра влезе и го имаше своето деби новото засилување Тиаго Алкантара. Шпанецот се очекува да започне како стартер во понеделник, иако Јирген Клоп одби да го потврди ова. Другата вест е дека eо Гомез продолжил со тренинзи денес и веројатно ќе биде во комбинација за оваа средба.
„Дали Тиаго ќе започне? Ќе видиме. Имаме уште неколку денови за тренинг. Некои момци треба да се опорават од синоќешниот натпревар, па ќе видиме како ќе изгледаме со Арсенал“,рече Клоп.
Германецот љубезно зборуваше и за досегашната работа на Микел Артета во Арсенал: „За кратко време тој покажа дека изгледа како исклучителен фудбалски менаџер“.

