Дефанзивецот и капитен на Арсенал, Лорен Кошчелни може да се пресели во француското првенство.
Според весникот „L’Equipe“, Бордо е заинтересиран за 33-годишниот Французин кого го сметаат како замена на Жулес Кунде, кој е пред трансферот во Севиља. Капитенот на Лондончани сака да се врати во Франција пред да ја заврши својата кариера.
Во сезоната 2018/19, Кошчиелни одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 3 гола. Договорот на Лорен со Арсенал е со важност до летото 2020 година.