Арсенал се надева дека капитенот Мартин Oдегард ќе се врати од повредата следната недела. Тој најверојатно ќе биде подготвен за игра откако ќе се опорави од повредата на скочниот зглоб.
Капитенот на „топчиите“ се повреди додека настапуваше за норвешката репрезентација на почетокот на септември. Според последните извештаи, 25-годишниот фудбалер ќе се врати за гостувањето кај Интер во Лигата на шампионите следната среда.
Постои дури и шанса тој да биде во тимот на Микел Артета за саботното гостување кај Њукасл во Премиер лигата. Сепак, тој може да не се појави на теренот за тоа да не му пречи на неговото целосно закрепнување.
Поранешниот играч на Реал Мадрид во сезоната 2023/24 постигна 11 гола и запиша 11 асистенции. Неговиот актуелен договор со „топчиите“ е до летото 2028 година.

