Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, го обнови договорот со клубот. Играчот од средниот ред ќе остане во клубот барем до следното лето.
„Договорот на нашиот капитен вклучува годишно обновување на крајот од секоја сезона, кое двете страни се согласија да го активираат. Младиот играч на Атлетико Мадрид го имаше своето деби во првиот тим на 19 септември 2009 година. Оттогаш, тој пишува историја со клубот на својот живот, станувајќи играч со најмногу настапи за тимот на Атлетико Мадрид: 681“, напишаа од клубот.
Коке потекнува од школата на Атлетико. Тој е дел од првиот тим од 2011 година.
Минатата сезона, играчот од средниот ред одигра 44 натпревари во сите натпреварувања.

