Капитенот на Саутемптон, Џек Стивенс е казнет со 50.000 фунти и суспензија од два натпревари поради употреба на непристојни зборови кон официјалните лица по натпреварот против Манчестер Јунајтед.
Стивенс доби и црвен картон поради прекршок над Алехандро Гарначо во поразот од 3-0 на 14 септември. 30-годишниот дефанзивец имаше расправа со судијата Стјуарт Атвел, поради што заработи дополнителна казна по пријава.
„Дефанзивецот призна дека употребил навредлив јазик кон судијата и четвртиот судија во 7. минута кога беше исклучен“, се вели во соопштението на англиската асоцијација.
Стивенс ќе ги пропушти следните натпревари на Саутемптон против Арсенал и Лестер, а веќе пропушти три натпревари поради црвениот картон.

