Шампионот Шкупи за влез во групната фаза во Лигата на Европа ќе се бори против поразениот од двомечот меѓу Карабах и Ференцварош. Ова е резултат на денешната ждрепка во Нион.
Секако, за оваа варијанта да се оствари, ќе треба прво чаирчани во третата квалификациска рунда во Лигата на Европа да го поминат Шамрок Роверс од Р. Ирска.
Инаку мечевите од плеј – офот во ЛЕ се закажани за 18 и 25 август.