Само 90 минути траеше настапот на Силекс во натпреварите од квалификациите за Лигата на шампионите. Кратовскиот тим убедливо е поразен во Баку, а Карабах оди во следното коло.
Кратовци одиграа лош натпревар, со само две шанси што беше недоволно да се дојде до нешто повеќе од пораз на ова гостување. Со ова заврши сонот на избраниците на тренерот Горан Симов кој најавуваше и сензација на ова гостување. Одбраната на Силекс издржа само 11. минути кога Ромеро беше проигран од Озобиќ, и го донесе својот тим во водство од 1:0. Во 40. минута домашната екипа дојде до водство од 2:0 по грешката на Божиновски, а прецизен беше Гуерие.
Во вториот дел повторно Гуерие погоди за водство на Карабах од 3:0 во 52.минута, за конечните 4:0 да ги постави Емрели ан десет минути пред крајот.