Џејми Карагер кој беше дел од тимот што на малите екрани го коментираше вчерашниот реванш во Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и ПСЖ, вели дека е задоволен што французите испаднаа.
„Искрено, не ми се допаѓа начинот на кој тие се организирани, тоа не е тим, тоа е голем хаос“ – вели легендата на Ливерпул
„Во пет од седум сезони, тие беа елиминирани во осминафиналето. Тие не се тим и Килијан Мбапе мора да го напушти клубот“ – рече Карагер кој верува дека Лео Меси веројатно го одиграл последниот дуел во Лигата на шампионите.