Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер не верува дека Ливерпул е најголем фаворит за титулата во новата сезона во Премиер лигата.
„Во моментов се зборува многу за тоа дека Ливерпул ќе биде убедлив поради тоа што го направија на трансфер пазарот ова лето. Не мислам така и бев малку загрижен за начинот на кој Ливерпул играше во неделата против Кристал Палас. Не е толку загрижувачки резултатот, туку квалитетот на играта. Се чинеше дека имаат премногу напаѓачки играчи на теренот. Ќе биде интересно да се види како Слот ќе се справи со тоа“, рече поранешниот дефанзивец на Ливерпул.

