Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вчера во гостувањето на – „Скај Спортс“, зборуваше за актуелниот преоден рок и не штедеше критики за трансфер-активностите на неговиот некогашен тим Ливерпул.
„Сите знаат дека Ливерпул е очаен со засилувања, понудиле 60 милиони фунти за Лавија, иако пред само неколку дена не сакаа да платат 50-ет. Тоа мора да било шега“ – вели Карагер.
„Гледаме дека луѓето задолжени за трансфери не си ја завршија работата. Тоа се случува континуирано“ – нагласи поранешниот фудбалер на „црвените“.

