Џејми Карагер кој работи како аналитичар на настаните во фудбалската елита на Англија, го издвои неговиот фаворит за освојување на шампионската титула во тековнава сезона.
Поранешниот играч на Ливерпул во колумна за – „Телеграф“ наведе дека Арсенал и Ливерпул нема да ги надминат потешкотиите со кои се соочуват и нема да ја издржат трката за титулата во Премиер-лигата.
„Поради оваа причина мојот главен фаворит е Манчестер Сити“, напиша денеска Карагер во неговата колумна за британското онлајн издание.