Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, верува дека ќе продолжи одличната серија и на неделното дерби со Арсенал во рамките на 9. коло од Премиер лигата.
„Знаеме дека ќе ни биде многу тешко на гостувањето кај Арсенал. Историјата покажува дека мораме да одиграме на победа“ – вели Слот.
„Секогаш е тешко да победите кај големите екипи како Арсенал или Сити, но, ние ќе се обидеме в недела да го направиме токму тоа“ – потенцираше Слот на средбата со новинарите.

