Раководството на фудбалскиот состав Евертон најави дека ќе им ги врати парите на сите што имаат сезонски билети за натпреварите до крајот на шампионатот доколку истите се одиграат зад затворени врати.
Фудбалот во Велика Британија запре на 13 март поради пандемијата а до крајот на сезоната остануваат уште девет кола. Евертон најави дека ќе им ги врати парите за билетите на фановите доколку тие не се одлучат да ги користат како ваучери за наредниот шампионат или да ги донираат во добротворната фондација на клубот.
Екипите од Премиер-лигата денеска повторно ќе се состанат за да разговараат околу процесот на тренирање и под кои услови ќе се реализира остатокот од сезоната