Фудбалерот од средниот ред на Евертон, Бернард, е сериозно повреден и ќе биде надвор од терените подолг временски период.
Бразилскиот интернационалец кој игра по страничните позиции ги оштетил лигаментите на десно колено на саботниот дуел со Брајтон реализиран во рамките на Премиер лигата. 27-годишниот играч во текот на работнава недела ќе мора да оди на дополнителни специјалистички прегледи за да се утврди точниот степен на неговата повреда.
Медиумите претпоставуваат дека за таков вид на повреда треба да се реализира подолга рехабилитација. Бернард во досегашните 9 натпревари одиграни за англискиот состав успеа да постигне 2 гола.

