Англискиот фудбалски состав Евертон, има намера во еден пакет да ангажира двајца играчи на Барселона.
Според наведеното во медиумите, екипата од „Гудисон парк“ подоготвува понуда за Џери Мина и Лукас Дин кои не успеваат да се наметнат за првата постава во шпанскиот тим.
Каталонскиот „Спорт“, објави дека популарните „карамели“ ќе испратат понуда од големи 55.000.000 евра за да ги купат двајцата фудбалери.