Аитор Каранка наскоро ќе биде назначен за менаџер на Бирмингем Сити, пренесува „BBC“.
Според истиот извор, 46-годишниот Шпанец ќе го заземе местото на неговиот сонародник Клот, кој беше отпуштен од клубот на почетокот на јули. Претходно, Каранка ги водеше Мидлсброу и Нотингем Форест. Тој е познат и по својата работа како асистент на Жозе Мурињо во Реал Мадрид.
Со Португалецот има една титула во Ла Лига, а како играч уште плус три триумфи во Лигата на шампионите. Бирмингем заврши на 20-то место на првенството, останувајќи 2 бода од зоната за испаѓање.