Александар Кузмановски од карате клубот – „Олимпик“, денеска во гостувањето на Спортско радио 90,3 ФМ, проговори за силниот меѓународен турнир – „Олимпик Опен 2024“ кој беше организиран на највисоко професионално ниво.
„ Втора година по ред организираме турнир на кој се појавуваат еминентни гости и клубови од странство. Бројката достигна речиси до 1000 учесници што значи дека можеме да бидеме презадоволни. Тенденцијата е догодина со вистински спектакл да го прославиме 20-от роденден на клубот“ – вели Кузмановски.
„Во годините наназад во нашиот клуб продефилираа многу носители на медали од најголемите светски и европски настани во каратето. Сакаме тоа да продолжи и во иднина. Ние сме единствениот клуб кој работи и со лица со посебни потреби, тоа ни претставува посебно задоволство“- потенцираше Кузмановски во дел од интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.