Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за Емил Павлов кој се врати со сребрен медал од Светското првенство во карате во Доха.
„Емил докажа дека каратето во континуитет ни носи успеси од големите меѓународни собири. Јас како поранешен спортист знам колку е тешко да се биде меѓу најдобрите. Затоа ние како Агенција за млади и спорт ќе останеме со голема поддршка за сите наши спортисти. Емил ќе си ја добие заслужената награда“ – потенцираше Мојсовски.
„Историскиот успех е резултат на континуитет и макотрпна работа, посветеност и напорни тренинзи. По цели 11 години донесов медал од светските првенства. Имав пет победи и еден пораз од актуелниот светски и олимписки шампион. Благодарам на сите за големата поддршка“ – изјави Павлов. На приемот присуствува селекторите во борби и кати, Александар Кузмановски и Стојан Андриевски како и каратистите Жарко Арсовски и Александар Неделковски кој го освои седмото место во кати.