Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, денеска имаше прием за дел од нашата карате експедиција која се појави на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија.
„Со новиот успех само докажавме дека каратето е еден од најтрофејните спортови во нашава земја. Успешните резултати во Шпанија даваат надеж дека Македонија ќе има претставници и на наредните Олимписки игри“ – потенцираше Каевски.
Емил Павлов кој освои бронзен медал во борби, се наврати на неправдата што ја доживеа во полу-финалето. – Имав добар настап, пет борби, четири победи и еден незаслужен пораз. Ова е четврти медал за мене од ЕП и мило ми е што продолжив со големи резултати на континенталните турнири. Се надевам дека годинава ќе постигнам големи резултати и ќе обезбедам олимписка норма, што би било најголем резултат за мене – вели Павлов.
Пулексенија Јовановска откако ја санираше повредата имаше забележителен наста во кати. -Се вратив на големата сцена по тешката повреда што ја имав и целиот акцент го ставив на Европското првенство. Мислам дека имав добар настап, но, можеше и подобро – потенцираше Јовановска која го освои петтото место во кати