Карате федерацијата на Македонија по повод настапот на 26-то светско првенство за сениори во Будимпешта, Унгарија од 24-29 октомври, денеска во просториите на АМС одржа средба со новинарите.

На истата проговорија Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, вд претседателот на Карате федерацијата, Бесник Мурати, селекторите Александар Кузмановски (борби) и Стојан Андриевски (кати) како и дел од нашите најдобри репрезентативци: Емил Павлов, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Давид Спасовски и Вероника Костовска.

Сите се едногласни во оценките дека македонското карате може да го продолжи трендот на освојување на медали и на значајниот собир во Унгарија иако конкуренцијата ќе биде исклучително тешка.