Откако првиот човек на фудбалскиот состав Барселона, Хосеп Марија Бартоме имаше средба со дефанзивецот, Жерард Пике, кој претходно упати критики кон раководните гарнитури, сега се огласи и потпретседателот на Каталонците, Жорди Кордонер.
„Точно е дека имаше состанок меѓу претседателот и Пике по што работите се вратија во нормала. Вчера сите покажаа дека екипата има поддршка“ – вели Кардонер кој се осврна и на работата на тренерот, Ернесто Валверде.
„По поразите во Ливерпул и во Рим, можеби настана мала тензија околу работата на нашиот тренер. Сепак, ние од раководниот тим заедно со претседателот, му даваме целосна поддршка. Тој може да направи баланс во екипата“ – заврши Кардонер