Поранешниот фудбалер, Масимо Карера, проговори за шансите на Аталанта во трката за шампионската титула во тековнава сезона од италијанската Серија А.
Неговата изјава доаѓа по убедливата победа на тимот од Бергамо на гостувањето кај Јувентус (4:0) во натпревар од 28. коло.
„Дали Аталанта може да се бори за шампионската титула? Победата против Јувентус покажа дека ги има сите потребни квалитети“ – изјави Карера кој играше за Аталанта од 1996 до 2003 година.

