Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, кој беше времено ангажиран, вели дека сака да остане во клубот.
„Ми се допаѓа што сум тука. Имавме добри резултати но, сè уште има многу да се направи. Сакаме да се подобриме“ – рече Карик.
„Не сакам да размислувам за рокови. Уште не знам до кога ќе останам“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.

